Црно-бели комбинации секогаш и секаде

15 јуни 2017

Една непроменлива во динамичниот моден свет, е комбинацијата на црна и бела. Овој спој успева да им одолее на сите минливи тенденции, сезони, моментални трендови...

Класика која со својот универзален карактер е совршен избор за различни прилики, а прилагодлива во сечиј стил.

Секогаш кога сте во дилема – ова е најсигурна варијанта како непогрешен избор.

Затоа секогаш е исплатливо да инвестирате во добар пар црни панталони, бела широка кошула што ќе може да ја носите во повеќе варијанти, монохроматска чанта и чевли.

Дневна доза инспирација во продолжение:

Фото: Pinterest

Објавено:
15 јуни 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.748 пати