Цветна комбинација совршена за пролетни прослави

12 мај 2017

Со зголемување на температурите конечно дојде и желбата за пролетно дотерување, особено за оние прослави кои во овој период ги има во изобилие.

Она што ние денеска ви го предлагаме е оваа фантастична цветна комбинација од Fiorella Rubino која се состои од две подеднакво неодоливи парчиња.

Во истата се сместени здолниште од извезен тул до под колената и кошулка без ракави во ист стил, кои можете да ги носите посебно, но изгледаат совршено и заедно.

Она по што оваа комбинација особено се издвојува е прекрасниот материјал целосно извезен со шармантна цветна градина како еден од најпосакуваните принтови сезонава.

Носете ја комбинацијата со црни или сандали во било која друга боја за уште посилен впечаток, со чанта по ваш избор и секогаш нежна шминка и фризура. Во случајов, ние ги комбинираме со црни сандали од Oltre.

Доколку се одлучите за овие парчиња, имајте на ум дека истите можете да ги комбинирате и посебно, односно здолништето да го носите со едноставна кошулка или блузичка, додека кошулката со едноставно црно здолниште или пак класични панталони.

Стајлинг: Fashionel.mk

Комбинација: Магнетик Груп

Модел: Лидија Ангелкова

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка: Елена Лука

Објавено:
12 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.340 пати