Цветните фустани ги разиграа модните улици

6 јуни 2018

Флоралните мотиви се есенцијален декор на летната улична мода. Цветните принтови се актуелни секоја сезона, ама особено во лето имаат приоритет во модните тенденции што и даваат особен шмек на уличната мода.

Ниту познатите стилски девојки не се имуни на овој тренд, па имиња како Селена Гомез, Карли Клос, Дакота Фенинг ќе ги видите облечени во романтични цветни фустани.

Моделите се инспиративни и ќе ги најдете во различни кроеви како оние на преклоп со врзување или со странични шлицови и предно закопчување, како и во избор на должини од мини до миди и макси.

За преку ден се комбинираат со еспадрили, влечки или патики, а за навечер сп високи потпетици или кломпи.

Еве го нашиот избор...

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
6 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
861 пати