Дали сте ЗА панталони со карнери?

19 мај 2017

Уште еден ретро момент пресликан од 70-те години во современите тенденции, се панталоните со карнери што апсолутно доминираат оваа сезона.

Познатите „ѕвонарки" дизајнерите ги модифицираа во модели со различни должини, а карнерите ги аплицираа во бројни варијанти со што овој тип на панталони доби еден нов и свеж лик.

Дизајнот е инспириран и од егзотичното фламенго и шпанската култура, па секоја варијанта изгледа забавно, опуштено и лесно за комбинирање со краток топ или маичка со принт.

Дали вие ги носите?

 

Објавено:
19 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
661 пати