Дамски капут од Елена Лука во портокалова нијанса е нашиот избор за оваа сезона

19 ноември 2018

Ја започнавме сезоната од годината во која главниот акцент е на капутите. Квалитетен, елегантен, впечатлив и топол капут е парче секогаш вредно за инвестиција, независно од ораничувањата што ги поставуваат тенденциите.

Покрај тоа оваа есен-зима сезона е обоена во интензивен колорит, па ние ве охрбруваме ако размислувате да се подновите со атрактивен капут, истиот да биде во некоја впечатлива боја.

Наш предлог е овој исклучително шармантен дамски капут од модниот бренд Елена Лука. Портокаловата боја е хит, па токму колоритот го прави овој дизајнерски капут уште повпечатлив.

Посебен софистициран изглед му дава и деталот на јаката, па не мора вашиот аутфит да го надополнувате со други модни додатоци со оглед на тоа дека капутот е впечатлив сам по себе.

Уникатниот дизајн дозволува да го комбинирате во различни прилики: може да го носите секој ден на работа како дел од вашиот деловен изглед или пак да го комбинирате со елегантен стајлинг за некоја посебна пригода.

Капутот е достапен во продажба во ателјеата на Елена Лука во Скопје и Струмица.

 

Објавено:
19 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
998 пати