Данска модна блогерка е стилска трудница
•
5 октомври 2016
Перниле Тисбек е данска модна блогерка која покрај нејзиниот светски популарен блог „Look de Pernille", е успешна и во маркетинг бизнисот и неодамна ја основаше Social Zoo што претставува платформа за советување во областа на маркетингот, онлајн медиумите и социјалните мрежи.
Она што особено плени кај неа е концизно изградениот, софистициран стил, а она што ги прави уште поинтересни нејзиниот Инстаграм профил и моден блог е тоа што во моментов таа е во блажена состојба и е вистинска стилска инспирација за сите идни мајки.
Може да забележиме дека во нејзиниот труднички стил задолжителни се женствените здолништа, транспарентните блузи, удобните пуловери, а и покрај нејзината состојба, не се откажува од високите потпетици.