Деловен изглед инспириран од последните дизајнерски колекции

12 февруари 2019

Актуелната модна недела во Њујорк, каде се промовираат дизајнерските колекции за следната зимска сезона, не инспирираа да ги издвоиме оние изгледи што може да ве насочат во стилизирањето на деловниот изглед.

Ако се повикаме на досега прикажаните колекции, деловниот изглед во добар дел е застапен речиси во сите. Акцентот е ставен на чисти линии, геометриски форми, минимизирана естетика – барем кај оние комбинации што се соодветни за деловниот стил.

Каролина Херера

Монохроматските, црни и бели целини се најзастапени, но не помалку атрактивни се и земјените тонови, како и аутфитите во една интензивна боја.

Макси панталоните во широк крој комбинирани со кошула со висок околувратник или блејзер, се комбинација која се фаворизира.

Еве што досега ни понудија светските дизајнери, кога е во прашање деловниот изглед за есен-зима 2019.

Брендон Максвел

Филип Лим

Monse

The Row

Објавено:
12 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.057 пати