Деловен стил кога темпратурата е +30’C

16 јули 2018

Високите летни температури, честопати се ограничувачки фактор при изборот на облека кога се работи за деловниот изглед. Аутфитот истовремено треба да го чувствувате пријатен на себе, соодветен на работната функција, а сепак шик и автентичен за вашиот стил.

Но, идеи никогаш не недостасуваат доколку малку се потрудите и побарате инспирација барем на социјалните мрежи или на модните блогови кај оние модни блогерки чиј имиџ е близок до вашиот стил.

Имајте во предвид неколку основни правила што ќе ви помогнат во овој случај: внимавајте на материјалот од кој е изработена облеката – природните, лесни материјали се секогаш соодветен избор, селектирајте неколку основни парчиња што ќе ги имплементирате во различни варијанти (панталони со висок струк, бела кошула, лелеаво здолниште, миди фустан, блејзер), а удобните и квалитетни обувки се меѓу приоритетите со кои ќе му дадете беспрекорен финиш на вашиот деловен изглед.

Помеѓу актуелните тенденции, ќе наидете на богат избор кој е во прилог на урбаниот, а истовремено пријатен, деловен стил. Тука ќе ги споменеме женствените фустани со нагласен струк со ремен, со принт во пруги или цветови или пак во пастелни нијанси.

Здолништата и панталоните со висок струк се секогаш добар избор за модерен деловен аутфит, а во спој со чевли на висока потпетица, се совршена комбинација.

Ленените кошули и фустани со ракави, како и ленените панталони се неизбежен летен избор токму поради тоа што се пријатни и и дозволуваат на кожата да „дише", па затоа не ги занемарувајте кога го комбинирате вашиот аутфит за следниот деловен состанок.

Фото извор: Пинтерест

 

 

Објавено:
16 јули 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.681 пати