Деловен стил – одело во боја

21 февруари 2018

Дводелно одело со совршен крој што ѝ прилега на вашата фигура, е секогаш сигурен избор кога е во прашање деловниот изглед.

Но, деловните одела не мора секогаш да ги гледате низ призмата на сивите тонови, туку напротив, размислувајте во боја.

Деловни одела во пастелни тонови или во силни, изразени бои – се вбројуваат и во најатрактивните пролетни тенденции за оваа сезона, што секако ни оди во прилог.

Така истовремено на работното место ќе бидете стилски, шик и професионални. Може да ги комбинирате со маичка со натпис, блуза или кошула под сакото, со што секој аутфит ќе го надополните со ваш индивидуален израз.

Со избор на ваков аутфит одговарате на правилата што ги наметнува деловниот дрес код, но истовремено го изразувате вашето изострено стилско чувство што секако ве прави дополнително забележливи во деловниот свет.

 

Објавено:
21 февруари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
999 пати