Деловна комбинација за секоја стилска дама

20 мај 2017

Искористете ги прекрасните и топли пролетни денови за конечно да блеснете во полн сјај на вашето работно место со деловна комбинација која знаеме дека ќе ви се допадне.

Класичните панталони со должина до глуждовите се парче што секоја жена мора да го има во својот плакар и тоа во повеќе бои, бидејќи тие секогаш ќе ви бидат сојузник во оние денови кога немате инспирација.

Ние денеска ви предлагаме едни токму такви од Oltre во темно сина боја со висок струк и ременче на половината кои ги комбинираме со подеднакво стилска кошула.

Кошулата што денеска ја носиме е со долги ракави, но истите можете да ги подвиткате и да уживате во топлите денови.

Овој модел од Fiorella Rubino е со темно сини и бели пруги со интересни натписи испишани по површината кои ја прават да биде уште повпечатлива.

Темно сината боја е совршен пар на беж нијансите, па така комбинацијата надополнете ја со овие супер удобни чевли од Oltre кои можете да ги најдете и во сива боја која е подеднакво шик.

Во комбинација со накит и очила за сонце по ваш избор, вие ја имате добитната деловна комбинација за оваа прекрасна сезона.

Стајлинг: Fashionel.mk

Комбинација: Магнетик Груп

Модел: Лидија Ангелкова

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка: Елена Лука

Објавено:
20 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.588 пати