Деловни аутфити за февруари – комбинирајте бои, текстури и стилови!

30 јануари 2020

Пред нас е уште еден зимски месец, кога одбирањето на деловна облека која истовремено ќе биде и практична и стилска, на многумина им задава слатки маки.

Но, тука сме за помош!

Искористете го правилото на слоевито облекување и тенденцијата на микс на стилови.

Ако ви дозволува работната позиција, не двоумете се да направите спој на елегантна и спортска естетика или пак комбинација на класични со неконвенционални парчиња.

Облечете дводелен костум и комбинирајте го со ниски чизми до глужд, женствено здолниште со дуксер и блејзер, плетена блуза облечете врз класична кошула, а предимензионираниот шал наметнете го врз омилениот макси фустан и нагласете ја половината со ремен...

Успехот и продуктивноста на работата, меѓу другото зависат и од тоа како вие се чувствувате. А кога се чувствувате пријатно и самоуверено во сопствената кожа, тогаш работите се поедноставуваат.

Издвојуваме неколку ефективни деловни комбинации што ќе ви помогнат овој февруари постојано да бидете инспирирани.

Фото: Пинтерест

Објавено:
30 јануари 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.164 пати