Деловни комбинации со џинс

13 февруари 2018

Во сечиј плакар има барем по еден пар омилен џинс. Лесен за стилизирање, удобен за носење – тоа е добитната комбинација поради која сите обожуваме да носиме џинс.

Со оглед на тоа дека се работи за универзално и безвременско парче, може да го имплементирате во сосема различни аутфити соодветни за различни пригоди, вклучително и во деловен изглед – се разбира доколку тоа ви го дозволува дрес кодот на вашето работно место.

Кога бирате џинс соодветен за деловен изглед, значајно е да внимавате на неколку основни моменти – како на пример да не биде со низок струк или пак искинат.

Џинсот изгледа идеално во спој со бела кошула или таква во пруги, со блејзер или сако и маичка со натпис, со чизми до глужд или пак чевли на ниска потпетица.

Неколку дополнителни идеи ви предлагаме во продолжение...

 

Објавено:
13 февруари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.821 пати