Деловни комбинации со колоритна нота

2 октомври 2018

Во „сивиот" бизнис свет, и не е се така сиво. Напротив, колоритот е присутен на сите нивоа, само треба да го препознаете, а и да знаете како да го искористите во остварување на своите бизнис амбиции.

Меѓу колоритот во креативните решенија или бизнис идеи, никако не смее да се остави во сенка на „сивилото" и колоритот во деловниот имиџ. Визуелниот стил на деловните луѓе и тоа како е значаен и остава силен впечаток во деловниот свет.

А, никој не сака да биде монотон и досаден, зарем не?

Затоа, не плашете се да го обоите вашиот деловен имиџ, но секако со должно внимание на одредени естетски принципи.

Никогаш нема да погрешите ако на монохроматската црна, бела или сива комбинација, додадете едно парче во интензивна боја – долг елек во жолта боја, блејзер во зелена или пак панталони во виолетова...

Доколку ви недостасува инспирација, земете го за пример деловниот имиџ на Викторија Бекам која многу често во својот бизнис стил комбинира широка палета на бои.

Објавено:
2 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.034 пати
Тагови: 
деловен изглед