Прелистувајќи ја архивата на дел од домашните модни креатори, наидовме на интересни идеи како една деловна дама може да изгледа автентично, впечатливо, а сепак да ги испочитува правилата на деловниот дрес код.

Иако најголем дел од домашните дизајнери не креираат линии специјално наменети за деловни жени (се разбира со неколку исклучоци), сепак честопати во нивните колекции имплементираат парчиња кои совршено би се вклопиле во имиџот на една бизнис жена.

Дизајнерскиот потпис се препознава и во начинот на кој македонските дизајнери ја замислуваат современата деловна жена. Па така различни профили на деловни дами, може да го пронајдат својот идентитет во дизајнот на различни креатори.

Некои од нив остануваат верни на класиката без радикални експерименти во дизајнот, други пак се препознатливи токму по експериментирањето со дезените и формите, а трети пак сакат да внесат боја, графички или флорални принтови во деловниот свет на жената.

Во продолжение ќе предложиме неколку деловни стајлинзи што Fashionel ги селектираше од колекциите на македонските креатори. Притоа не се ограничувавме на сезоната кога тие биле промовирани, туку ги одвоивме оние изгледи за кои ние сметаме дека може да го најдат своето место во плакарот на современата македонска бизнис жена.

Меѓу другите, издвоивме комбинации и со потписот на Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Ивана Кнез (Drama Studio), Елена Лука, Лили Кадинска (Le Brand), Антонија Ристовска и Ludus.

 

Објавено:
19 август 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.322 пати