Деловни комбинации за стилски ноември

7 ноември 2017

Овој ноември ќе внесе фантастичен колорит во деловниот свет.

Покрај колор-блок комбинациите што веќе стана дел од стилскиот карактер на жените во бизнисот, за разиграниот колорит ќе придонесат и богатите принтови што и оваа зима се тенденција.

Ако некогаш сте се двоумеле дали да облечете сако во изразито зелена или црвена боја, ве охрабруваме што почесто да имплементирате таква палета во вашиот деловен имиџ, секако ако тоа одговара на вашиот карактер.

Ги сублимиравме сите актуелни трендови што ги преферираат деловните жени што истовремено важат и за модни икони, па може да резимираме дека тие се навистина храбри во својот избор, но истовремено достоинствени и доследни на својот веќе дефиниран стил и личен став.

Ви препорачуваме да го одберете кројот што најсоодветно ѝ прилега на вашата силуета, а потоа да размислувате и на сите детали како: комбинацијата на модни додатоци, спојот на ткаенини и материјали и изборот на нијанси и принтови.

Беретките се издвојуваат како модни додатоци што ги освоија симпатиите на сите трендсетерки, а неретко може да се забележат и во деловните комбинации.

Сигурно ќе ја најдете вашата идеална инспирација од „деловната" улична мода во галеријата во продолжение.

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
7 ноември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.877 пати