Деловни комбинции во црно – забавни, шик и далеку од монотони

24 ноември 2017

Иако монохроматската естетика е вообичаена за деловниот изглед, тоа апсолутно не значи дека истовремено е монотона, досадна или неинвентивна.

Со изборот на вистинските детали и миксот на материјали и ткаенини, монохроматските комбинации се истовремено сигурен, но и стилски и високо естетски избор за деловните дами, се разбира доколку се направи соодветниот спој.

Црната бој е благородна за комбинирање, независно дали се работи за бои, дезени, принтови, текстури или пак модни додатоци. Затоа и можните варијанти на комбинирање се бројни.

Облечени во црно од глава до пети, со еден впечатлив брош, добри чевли и впечатлива чанта – и имаме врвен деловен изглед.

За похрабрите деловни жени, што можат да си дозволат еклектичен или поопуштен изглед ако тоа им го овозможува работната позиција, препорачуваме во својот монохроматски аутфит да имплементираат впечатлив детаљ со што ќе ја заокружат комбинацијата. Тоа може да биде добар накит, интересна шапка или беретка, високи потпетици во интензивна боја, марама со принт или пак чанта за преку рамо. Секако најзначаен е ставот и како сето тоа го носите на себе!

Ви доловуваме неколку идеи од уличната мода...

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
24 ноември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.418 пати