Деловни парчиња од новите колекции на „high street“ брендовите

3 април 2017

Кога деловната мода е во прашање, оваа пролет, кроевите ги задржуваме во базични и минималистички линии, а експериментираме со деталите и модните додатоци.

Колоритот е претежно во пастелни нежни нијанси, секако вклучително и на црно-белата класична варијанта.

Базичните кроеви се украсени со карнери кои се појавуваат во делот кај ракавите или јаката кај кошулите и блузите, а панталоните се со различни должини и со висок струк.

Кај аксесорите во делот на бизнис имиџот, особено ќе се форсираат марамите кои покрај на глава или околу врат, може да ги носите и врзани на зглобот околу раката. Плетените чанти инспирирани од дизајнот на кошниците, се ултимативен хит, па нема да изостанат ниту во модата на деловниот свет.

Во продолжение издвојуваме дел од најпопуларните деловни парчиња од понудата на светските „high street" брендови.

Објавено:
3 април 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
851 пати