Дизајнерите имаат цврст став кон трендот со реси

26 август 2014

За љубителките на бохо и рокерскиот стил,  парчињата со реси никогаш не се потпрени на трендовите, туку се култно парче облека кое во секој период од годината си има посебно место во гардероберот. Дизајнерите и брендовите го делат истиот став со тоа што последователно во своите колекции не пропуштаат да вметнат и по неколку „разиграни“ јакни, фустани и аксесоари.

Roberto Cavalli Roberto Cavalli

 

На почетокот на пролетта од колекциите се презентираа многу вакви модели, но и од есенските се провлекува истиот тренд. Знаеме дека никогаш нема да ви биде доста од моторџиската кожена јакна, но за мала промена оваа претстојна сезона Ви препорачуваме  да се подновите и со таква што има реси.

Altuzarra Altuzarra

Како комерцијалните етикети, така и оние реномираните нудат слични алтернативи, а останува само да изберете боја и текстура. Задржете ја забавната страна кај облеката и за постудените денови, секако преку ресите.

Mango Mango

Roberto Cavalli Roberto Cavalli

Phillip Lim Phillip Lim

Roberto Cavalli Roberto Cavalli

Phillip Lim Phillip Lim

H&M H&M

 

 

 

 

 

Објавено:
26 август 2014
Категорија: 
Тренд