Дизајнерски комплет од Елена Лука со кој ќе оставите моќен стилски впечаток

5 април 2019

Ако модата ви е пасија и преку својата визуелна појава сакате да оставите моќен стилски печат, тогаш веројатно секогаш кога имате можност и прилика бирате автентичен дизајн што зборува за вас, вашиот личен став и вашата лична приказна.

Нашиот денешен предлог уникатен дизајнерски комплет од здолниште со висок струк и софистицирана кошула од етаблираната модна куќа Елена Лука, има токму таков шарм – да прозбори за вашата високопрофилирана естетска перцепција.

Префинет е во секој поглед – и од аспект на кројот, кај кој акцентот е на волуменозните ракави (што инаку важи за популарна тенденција пролетва) и потенцирањето на женствената силуета, како и од аспект на избор на впечатлив материјал што го надополнува неговиот раскош.

Може да најде примена во различни прилики – доколку оваа сезона присуствувате на некој посебен и свечен чин, ова е идеалното парче во кое сигурно ќе бидете забележани.

 

Објавено:
5 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.253 пати