Доколку преферирате минимализам, стилот на оваа блогерка ќе ве инспирира

15 април 2019

Базичниот стил што вклучува едноставна и чиста естетика е често избор на модерните девојки од повеќе причини, пред сè поради неговата функционалност, прагматичност, а истовремено и допадливост.


Доколку им припаѓате на дамите што преферираат минимализам во облекувањето, ви препорачуваме да го отворите Инстаграм профилот на модната блогерка и фотографка базирана во Лос Анџелес, Меган Аделејд @meganadelaide.

Нејзиниот стил е базиран на прочистена естетика и минималистички дизајн, со едноставен концепт на спарување две до три бои и елегантни кроеви.

Ако ги разгледате нејзините фотографии ќе забележите дека таа постигнува впечатлив ефект со својот имиџ без премногу драматизирање, туку со префинети и одмерени комбинации во кои често се застапени џинсот, блејзерите, килоти панталоните и минималистичкиот накит.

 

Објавено:
15 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.206 пати