Веќе знаете дека омилените модни додатоци ова лето се стилските венчиња, па денеска само се потсетуваме како ги комбинираат тренди девојките ширум светот.

Овие модни додатоци ќе ја разубават секоја ваша комбинација, а можете да ги носите постојано, па така комбинирајте ги со кошулка и џинс за на работа, но и со свечен фустан за свадбата на најдобрата пријателка.

Покрај класичните еднобојни венчиња направени од прекрасно кадифе, сезонава има и огромен број модели дополнително украсени со бисери, школки, мониста и што уште не.

Девојките најчесто ги вметнуваат во своите секојдневни стајлинзи составени од лежерни фустанчиња и сандали, но експериментираат и со женски костими и впечатливи долги фустани.

Ако бисерните шноли беа хит изминатите неколку месеци, тогаш во оние што доаѓаат кадифените венчиња дефинитивно ќе бидат и повеќе од омилени.

Во галеријата погоре погледнете неколку предлози за тоа како девојките ги комбинираат летово и инспирирајте се уште денес.

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
16 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
629 пати