Две во едно: џемпер-фустан

9 октомври 2017

Сезоната на плетена облека е во тек. Ако се двоумите дали плетен џемпер или фустан, тогаш зошто не и двете наеднаш? Џемпер-фустан е идеален избор за есенските и зимските денови што ќе ви заштеди и пари и време.

Рационално парче облека што може да го носите или во комбинација со друга гардероба или пак самостојно. Затоа секогаш е добредојдено во ситуации кога немате идеја што да облечете.

Носете го со високи чизми над колена или со патики, облечен врз друго здолниште или врз џинс.

Совршено може да го спарите и со предимензиониран топол шал или макси капут.

Кроевите и плетенините се во голем избор, а ние селектиравме само мал дел од уличната мода, како инспиративна доза.

Фото извор: Пинтерест / Инстаграм

 

Објавено:
9 октомври 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.325 пати