Џеј Ло носи целосно црна комбинација и воопшто не е досадна

9 јануари 2020

Кога ќе се спомене целосно црна комбинација, секогаш се алудира на сигурна елеганција што понекогаш граничи со монотонија или досаден изглед.

Но, ако знаете да направите умешен спој, комплетно црната комбинација може секогаш да биде атрактивна, како во случајот на поп кралицата Џенифер Лопез.

Деновиве таа беше фотографирана во лежерно, улично издание, аутфит што вклучува повеќе парчиња во црна боја.

Фото: BACKGRID

Не само што оваа комбинација не е монотона, туку напротив, е доволно инспиративна како идеја како и вие да ги комбинирате вашите црни парчиња облека во една целина што ќе биде стилска и впечатлива.

Ќе забележите дека деталите, иако суптилни, сеапк имаат значајна улога во комплетирање на целината.

Објавено:
9 јануари 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.623 пати