Џеј Ло одлично стилизирана – кариран дезен + чизми над колена

12 декември 2019

На улиците на Њујорк, деновиве беше фотографирана стилската и музичка икона, Џенифер Лопез, во одлично зимско издание што може да ви послужи како инспирација.

Се работи за слоевит аутфит во кариран дезен во кафени тонови, со потпис на MaxMara.

Комбинацијата вклучува црна ролка, мини фустан, блејзер и џемпер, со истиот дезен.

Надополнета е со црни чизми над колена, што Џеј Ло знае како да ги износи. И изгледа перфектно!

Инаку, според магазинот GQ, Џенифер беше прогласена за Икона на годината, а 2019 за неа е и во знакот на најновото филмско оставрување „Hustlers" каде ја толкува главната улога.

Инспирирани од нејзиниот аутфит, одвоивме уште неколку впечатливи изданија со чизми над колена.

Фото: Instagram

 

 

Објавено:
12 декември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.351 пати