Џемпер-фустан е сè што ни треба оваа зима

4 јануари 2019

Едно парче – за комплетен стајлинг: џемпер-фустан.

Секогаш актуелно во зима, пред сè поради неговата функционалност, но и исклучително допадлив дизајн што лесно може да се вклопи во сечиј стил.

Џемпер-фустаните се идеален избор за да бидете стилизирани во еден потег.

Инспиративни се за комбинирање и може да ги имате во предвид за различни прилики. На работа може да ги комбинирате со чизми до глужд, а за кежуал викенд облечете ги врз џинс и комбинирајте ги со патики.


Најчесто колоритот кој оди во спој со џемпер-фустаните е во земјени тонови, но со оглед на тоа дека интензивните бои се актуелни и оваа зима, може да најдете и модели во изразено жолта, виолетова или црвена боја.

Секогаш може да додадете ремен со што ќе го нагласите струкот или пак впечатливи обетки што одлично може да ги вклопите во минималистички аутфит.

Фото: Пинтерест

Објавено:
4 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.580 пати