Џинс комбинезони во опуштени зимски аутфити

4 декември 2018

Ретро вибрациите на 70-те постојано ги препознаваме во актуелните тенденции, независно за која сезона се работи.

Оваа есен-зима посебен впечаток оставаат винтиџ џинс комбинезоните, карактеристични за бохо естетиката на хипи движењето. Секако во нова, модернизирана верзија, ова стилско парче наиде на големи симпатии кај инфлуенсерките и модните блогерки.

Џинс комбинезоните зимава ќе ги комбинираме во слоевити, кежуал аутфити со шик предзнак. Со плетени џемпери, блузи во пруги или елегантни кошули, со макси капут, крзнен шал и шешир – имате голем избор на располагање кога се во прашање комбинациите со ова омилено ретро парче.

Уличната мода и инстаграм профилите на урбаните девојки се секогаш инспиративни доколку барате идеја како да ги споте џинс комбинезоните со останатите парчиња од гардероберот.

Фото: Инстаграм, Пинтерест

Објавено:
4 декември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
447 пати