Џинс здолништа за кул летни комбинации

4 јуни 2018

Една од омилените варијанти со безвременскиот џинс, покрај фармерките се и здолништата, што ова лето се особено популарни со акцент на моделите со едноредно закопчување.

Џинс здолништата со миди должина и висок струк, може да ги комбинирате во елегантни аутфити, со свилени маички или романтични кошули – комбинации што може да најдат примена и во вашиот деловен стајлинг.

Од друга страна пак, мини џинс здолништата се одлична солуција за плажа или за лежерни и опуштени поводи, па може да ги комбинирате со старки, влечки или еспадрили, а да надополните со транспарентен кафтан, марама или бохо топ.

Направивме селекција на неколку безвременски комбинации, што се популарни и оваа сезона.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
4 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.247 пати