Џинсот што ќе биде моден хит оваа пролет

20 февруари 2018

Џинс носиме секогаш независно од сезоната, единствено што се менува е моделот.

Некогаш во фокусот е тесен џинс, некогаш искинат, во висок или низок струк... Но, кога бирате модел на џинс, прво што треба да имате во предвид е колку одговара на вашата телесна конституција, како и тоа колку се вклопува во вашиот личен имиџ.

Оваа пролет акцентот ќе биде на џинсот со ногавици во широк крој, со ¾ должина што е одлична замена за сè уште популарните килоти, затоа што килотите најмногу одговараат на жени со потенки глуждови.

Овој модел на џинс веќе може да го видиме комбиниран во атрактивните стајлинзи на иконите од уличната мода, што дополнително ќе ви даде визија како да го носите претстојната сезона.

Своја верзија на овој популарен модел веќе имаат поголем дел од популарните „high street" брендови.

Објавено:
20 февруари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.981 пати
Тагови: 
тренд џинс