Еден блејзер – 20 комбинации

8 мај 2018

Ако барате рационална идеја да инвестирате во едно парче, што ќе го споите во различни варијанти и во уште толку различни прилики, наш предлог е белиот блејзер.

Универзално, а истовременско безвременско парче што ќе најде свое место во секоја сезона, апсолутно независно од трендовите. Неговиот лик се трансформира во зависност од тоа како вие ќе го комбинирате, па еден ист блејзер може да изгледа исто толку соодветно во спортска колку и во деловна комбинација.

Сезонава особено се актуелни дводелните костуми, комбинација на широки панталони и блејзер, па со овој тренд дополнително се актуелизира ова наше омилено парче од гардероберот.

Само за инспирација, ќе ви посочиме 20 различни, исклучително стилски примери со еден ист блејзер.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
8 мај 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.437 пати