Еден пар џинс за идеален аутфит

16 октомври 2017

Ако некое парче од гардероберот ги преживеало сите трендови и сезони, тоа е џинсот.
Еден пар џинс што совршено ѝ прилега на вашата фигура, е сосем доволен за различни комбинации адаптирани за различни пригоди.

Фото извор: Glamour

Погледнете го примерот на една од омилените современи модни икони, Викторија Бекам, која се почесто во својот стил комбинира џинс со други едноставни и лежерни парчиња облека, како плетени џемпери, блузони, бели кошули, маички, мокасинки, патики или пак високи потпетици.

Фото извор: Daily Mirror

Најзначајниот момент е да ја одберете вистинската должина и конфекциски број што ви одговара. Џинс со ¾ должина совршено може да го комбинирате со ниски чевли, чизми до глужд или патики, додека пак оние со подолги широки или „ѕвонести" ногавици спојте ги со чевли на висока платформа.

Фото извор: Popsugar

Објавено:
16 октомври 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.573 пати