Секоја девојка во својот плакар би требало да има барем еден сив џемпер што ќе ви заврши работа во безброј ситуации.

Без разлика дали ќе го комбинирате со едноставни фармерки, кожени панталони или здолниште, секогаш ќе изгледате шик и ќе можете да го носите на безброј пригоди.

Во галеријата погоре ќе можете да погледнете вкупно 30 изданија на девојки кои совршено го комбинираат сивиот џемпер и се супер инспирација во секое време.

Сивиот џемпер одлично се вклопува во секоја комбинација и соодветствува со голем број нијанси, а доколку сè уште не сте си набавиле некој модел, викендот е совршено време да го сторите тоа.

Инфо и фото: Modamo.info

 

Објавено:
5 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.817 пати