Единствениот топ што ви треба ова лето!

6 мај 2016

Ако сакате едноставни, но истовремено секси парчиња, тогаш ова е вистинскиот текст за вас. Американскиот бренд MDS Stripes создаде уште едно парче што ги освои трендсетерките на прв поглед!

 

Станува збор за неверојатно популарната марама „Everything Scarf“ која ќе биде вашиот идеален сојузник за долгите топли ноќи.

Како што самото име на брендот ќе каже, ригите се доминантен принт кај парчињата од брендот, но девојките ги обожаваат и нивните разновидни фустанчиња направени од неодолив памук.

Оваа марама е неверојатно стилска и едноставна за носење, а можете да ја комбинирате со што и да посакате.

Истата се мести за многу кратко време и на едноставен начин, а покрај најбараната во пруги, во нивната понуда можете да најдете и шал од нежен тексас и таков во темно сина боја.

Покрај ова фантастично парче, брендот има и голема понуда на тренди фустани со голи раменици, лелеави куси фустанчиња, панталони од памук, блузички и уште многу други.

Цената на овој шал изнесува околу 160 долари.

Објавено:
6 мај 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.496 пати