За младиот француски бренд Monographie ова е прва сезона на светската модна сцена, а веќе доби милиони обожаватели ширум светот.

Парчињата на брендот можете да ги најдете на онлајн продавницата за дизајнерска облека Moda Operandi, каде има огромен интерес за истите.

Брендот го лансираше младата дизајнерка Оди Кастеха која завршила дизајн во престижно париско училиште, а претходно има работено и во модната куќа Celine.

Нејзиниот бренд ги прави можеби најубавите кошули за оваа есен во кои ние се заљубивме од прва. Дизајнерката се посвети на истражувањето на материјали кои би биле совршени за ова омилено парче и се обиде да го направи уште повозбудливо за носење за претстојната сезона.

Така настана и првата целосна колекција кошули на брендот со храбри кроеви и женствена префинетост.

Талентираната дизајнерка создаде кошули во светло сина, бела и црна боја, а истите ги украси со фантастични карнери и плисирани детали кои изгледаат одлично.

Засега, нејзината колекција е достапна само на Moda Operandi, но голема е веројатноста истата наскоро да биде достапна и на други места поради големата заинтересираност.

Објавено:
3 август 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.390 пати