Единствените патики што ви се потребни оваа есен

4 август 2018

Сигурно сте забележале дека во последно време модата од 90 – тите се враќа, па покрај фармерките со висок струк, широките тексас јакни, бициклистите и што уште не, и овие патики се вистински хит.

Како и секоја сезона, така и за претстојната веќе се познати трендовите, а овој модел на патики дефинитивно е еден од најголемите.

Истите можете да ги најдете како „dad shoes“ на социјалните мрежи, а голем дел од популарните девојки веќе ги обожаваат.

Можеби на прв поглед се малку впечатливи и крути, но сепак, тие се супер удобни и добри се за правење разни комбинации.

На почетокот, многумина ги исмејуваа и велеа дека ова е најлошиот и најгрд тренд што воопшто се појавил, но за кратко време девојките ги засакаа и сега не можат да се одвојат од истите.

Овој модел на патики го нудат речиси сите познати high street брендови, а доколку и вие се вљубивте во истите на прв поглед можете веднаш да си ги набавите.

Извор и фото: Fashion.hr

 

Објавено:
4 август 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
605 пати