Единственото парче што ви е потребно за почеток на пролетта

20 јануари 2016

Иако благодарение на ниските температури сметате дека е многу рано да се подготвувате за пролет, сега е вистинско време барем да започнете со истражување на трендовите.

Во последните неколку сезони килотите се парче што го посакува секоја девојка, бидејќи покрај тоа што лесно се комбинираат, истите се неверојатно стилски.

Можете да ги носите со што и да посакувате, почнувајќи од пролетно тенко џемперче, стилска кошулка, палто и што уште не.

Токму килотите се парче со кое задолжително мора да ја почнете оваа пролет и доколку досега не сте си набавиле едни, да го сторите тоа што е можно порано.

Одберете тексас килоти, плисирани, свилени, од твид и какви уште не материјали што се супер избор за пролетта.

Кога станува збор за килоти, можете да си играте и со принтовите на истите, да носите килоти во пруги, со интересни апликации, еднобојни, колор – блок, со цветови или едноставни црни.

Одберете го вашиот хит модел додека заедно ја чекаме пролетта!

Објавено:
20 јануари 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.150 пати