Едно тексас здолниште, 22 комбинации

27 јуни 2018

Ова е парчето кое неодоливо нè потсетува на убави времиња од детството кога за секое едно девојче, тексас здолништето беше задолжителна униформа.

Не можеме да се израдуваме повеќе од фактот дека токму тексас здолништата повторно се ултра популарни, а девојките ширум светот едноставно ги обожаваат.

Ако во летните денови, за кои се надеваме дека ќе дојдат наскоро, сакате да носите џинс, тогаш ова здолниште ќе биде вашиот најдобар пријател.

Она што е супер кај ова парче е тоа што можете да го комбинирате со разни блузички, маички, кошули, јакни и бројни модни додатоци.

Едни од најпопуларните за оваа сезона се оние во светла нијанса со искинати делови кои најчесто можеме да ги видиме во комбинациите на познатите блогерки на Инстаграм.

Што се однесува до должината, најомилените се оние над колената, но голем број девојки за ултра кул ги сметаат и оние подолгите.

Кога немате инспирација како да го комбинирате ова парче, тука секогаш е едноставната бела маичка на куси ракави или пак белите кошулки кои во комбинација со впечатливи рамни чевли ќе бидат совршената комбинација за летните денови.

Извор и фото: Modamo.info

Објавено:
27 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.983 пати