Екстраваганција во движење

12 септември 2013

Апликации, невообичаен терк на модели и кроеви и крпеници. Што поекстравагантни, толку подобро. Дизајнерите денес одбираат скапоцени детали и чудни кроеви за да дизајнираат облека која наликува на костимографиите од филмовите на Тим Бартон.

 

Александар Ванг

Модни парчиња кои потсетуваат  на оние од осумнаесеттиот век се во тренд оваа сезона. Главниот виновник за ова е пред се е Александар Меквин чиј симбол е токму ваквиот крој на облека, но тука не заостанува ниту Јоши Јамамото, кој на своето последно претставување воодушеви со екстравагантни модни парчиња кои го следеа театралниот дух.

 

Александар Меквин

 

Доколку сакате пак да се чувствувате како „јети“ дама тогаш долгото здолниште од пердуви во окер боја и панделка од кожа, во комбинација со сиво сако и долги крзнени ракавици, дело на Александар Ванг ќе биде моден избор на вашето секојдневие.

 

Јоши Јамамото

 

Не го забораваме ниту ефектот „пачворк“, или таканаречените крпеници на тексас панталони кои не ја следат линијата на телото имаат предимензиониран изглед и наликуваат на работнички панталони, а им се препишуваат на младите, смелите и храбрите. И не само облеката туку и обувките и чантите влегоа во светот на екстравагантноста. Костурски глави, златни детали, црна боја, платформи до „небо“, боцки и сваровски кристали се главните одлики на модните додатоци. За да ви биде појасно погледнете ја галеријата во продолжение:

 

 

Објавено:
12 септември 2013
Категорија: 
Тренд