Елеците на тренерот на Англија го зголемија профитот на Маркс и Спенсер

4 јули 2018

Се чини модата може да има големи придобивки од фудбалот, ако судиме по врската на тренерот на Англија Гарет Саутгејт и популарниот high street бренд Маркс и Спенсер.

Имено, тој е познат по одличните комбинации во кои се појавува на секој натпревар, а речиси секогаш во нив вметнува елегантно елече кое што го набавува токму од овој бренд.

Деновиве брендот објави дека продажбата на елечиња од почетокот на првенството, па сè до денеска им се зголемила за неверојатни 35 проценти.

Компанијата соопшти дека интересот за ваквите елечиња е огромен, благодарение на неговите интересни комбинации во кои тој секогаш наоѓа начин да ги вметне.

Трендот кој инаку е хит кај младоженците, повторно е актуелизиран од 47 – годишниот менаџер кој секогаш изгледа неверојатно елегантно.

Тој стана вистински хит на социјалните мрежи токму поради љубовта кон елечињата, а многумина корисници посочија дека токму тој им ја вратил љубовта кон ова парче.

Иако момците многу често знаат да ги носат овие елечиња со откопчано последно копче, тренерот на Англија секогаш е уредно закопчан и мора да признаете дека изгледа одлично.

Објавено:
4 јули 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
300 пати