Елегантни есенски изданија со пепито дезен

22 октомври 2018

Пепито дезенот важи за елеганција што останала присутна, па дури и доминантна, низ различните модни декади и сезонски тенденции. Овој дезен бил подеднакво актуелен во модата за дами во 30-те години на минатиот век, колку што е актуелен и оваа сезона есен 2018-та.

Затоа и парчињата со овој дезен се безвременски, па може да ги ставите во функција независно од инстант трендовите.

Најчесто овој дезен вклучува комбинација на црни и бели квадрати, но оваа комбинација може да вклучи и други бои, со што спектарот на варијанти е богат и инспиративен.

Оваа есен-зима капутот со пепито дезен е „must have". Ќе го носиме со плетен црн фустан и високи чизми, со џинс и бела кошула или со фустан на преклоп. Но, истовремено оваа сезона особено е шармантен и ретко кој ќе може да му оддоле на дводелниот костум со пепито дезен, што може да го носиме со обична бела маичка или црна ролка.

Покрај неговата актуелност во модниот дизајн, пепито дезенот оваа сезона е популарен и во ентериерното уредување, па особено ќе биде примамлив за оние кои преферираат минимализам во уредувањето.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
22 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.711 пати