Елегантни зимски парчиња во Манго

30 октомври 2017

На својата онлајн продавница Манго објави нови сезонски парчиња што го следат трендот на ексклузивитет во рамките на стандардната понуда.

Тоа се генерално парчиња што би можеле да ги земете во предвид за некој посебен настан, но истовремено ако умешно ги комбинирате ќе изгледаат сосема пригодно и во вашиот секојдневен стил.

Елегантните црни фустани во различни кроеви се први во фокусот на оваа линија заедно со „palazzo" панталоните комбинирани со префинети и женствени црни кошули.

Покрај овие свечени парчиња, линијата е збогатена и со интересни комбинации инспирирани од актуелната улична мода, како што се предимензионираните капути и јакни изработени од волна, како и мини кожените здолништа со патенти што оваа сезона се меѓу најизвиканите трендови.

 

Објавено:
30 октомври 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.954 пати
Тагови: 
тренд зима Манго