Елена Лука e-shop: На еден клик од новата летна линија „Summer vibes“

12 август 2019

Фантастичните летни дизајни на етаблираната модна куќа Елена Лука, се достапни за Вас само со еден клик, независно каде се наоѓате низ светот.

Новата онлајн продавница на нашиот бренд Ви овозможува во само неколку едноставни чекори да го купите Вашето омилено уникатно парче што го носи дизајнерскиот потпис на Елена Лука.

Уживајте во онлајн шопингот што ќе Ви донесе неверојатно и богато искуство во изборот на автентични креации за различни пригоди, што со себе носат неповторлив шарм, врвна естетика и карактер.

Во актуелната понуда на Елена Лука е и специјализираната летна линија „Summer vibes" наменета за исклучителен шик и стилски изглед на плажа.

Тренди марами изработени од фини материјали со неверојатен избор на модерни принтови и дезени, во комбинација со впечатливи летни модни додатоци, како што се сламените шешири и плетените торби, се идеален избор со кој ќе постигнете исклучителен стилски ефект за време на летниот одмор.

Новата онлајн продавница на Елена Лука континуирано ќе Ве информира и за актуелните тенденции во модната индустрија, а ќе може да се едуцирате и за различни теми од светот на модниот дизајн во рамките на блогот што секојдневно ќе Ви нуди богати содржини.

Ужвајте во онлајн шопингот на овој линк.

Објавено:
12 август 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
584 пати