Ен Хатавеј е бремена по втор пат: 10 емотивни изјави на актерката за мајчинството

25 јули 2019

Познатата актерка Ен Хатавеј со фотографија објавена на Инстаграм соопшти дека таа и нејзиниот сопруг Адам Шулман наскоро го очекуваат второто дете.

„Не е за филм. Бебе број два. Шегата настрана, за сите оние кои се соочуваат со проблеми со забременување, знајте дека патот не беше едноставен ниту за мене во двете мои бремености. Ви испраќам многу љубов“, напиша актерката под објавената фотографија, алудирајќи на тоа дека имала проблеми со зачнувањето.

e_news

Ова не е прв пат актерката јавно да говори за овие проблеми и предизвици, со оглед на тоа што и за време на првата постојано ги информираше фановите со што се соочувала.

-Еден совет што го добив од Кејт Мидлтон за мене беше многу значаен. Таа ми кажа дека секогаш со нејзините деца разговара на нивно ниво и ги гледа во очи за и тие да се почувствуваат значајни. Мислам дека тоа беше навистина кул. Сега и јас почнав да го практикувам со Џонатан.

-Кога прв пат бев трудна, не сакав да ја објавам информацијата. Но, додека бев на одмор, видов еден фотограф и си помислив дека би било убаво да имам фотографии од ова што ми се случува и светот да знае дека во мене носам нов живот. Едноставно, не сакав да се кријам.

us_weekly

-Искрено, не сум спиела осум недели. Не знам што зборувам. Ова најверојатно нема да биде најнормалното интервју за на ТВ, се пошегува актерката за време на првата бременост.

-Ќе престанам да пијам додека мојот син е во нашиот дом. Секое утро му требам за да го подготвам за на училиште. Се сеќавам, едно утро бев мамурна, секако не возев јас, но тоа ми беше доволно за да ставам крај на повременото пиење.

-Каква мајка ќе бидам, зависи од тоа какви ќе ми бидат децата.

pinterest

-Не ми се верува дека немаме породилно отсуство. Мора да престанеме да се осудуваме меѓу себе и да се фокусираме на луѓето и на институциите кои треба да нѐ поддржуваат, а не го прават тоа, изјави актерката во една пригода мислејќи на тоа дека породилното отсуство во САД е многу кратко.

-Не сум совршена мајка. И јас имам моменти на фрустрација или дистракција, но секогаш се враќам кај моето бебе и се обидувам да го смирам кога му требам. Едноставно, им кажувам на сите гласови во мојата глава да бидат тивки и не се обвинувам што тоа е така, на сите им се случува и јас секој ден учам од сѐ.

people

-Се извинувам. Јас сум нова мајка и не успеав да се придржувам до распоредот за хранење на моето бебе, изјави актерката на едно интервју поврзано со филмот Alice Through the Looking Glass. На прашањето дали успеала да го погледне филмот, таа ќе каже: Моето дете беше гладно, морав да го нахранам, така што ги пропуштив првите 20 минути.

-Можам само да кажам дека вината што ја чувствуваат мајките за разни работи, е тотална бесмислица. Јас не го чувствувам тоа.

shape_magazine

-Среќна сум кога работите се едноставни. Откако имам дете, тоа е многу лесно. Утрото секогаш ми почнува со него, дали е добар, дали е здрав, дали расте...Ако сѐ ова е ок, ништо друго не може да ми го расипе денот.

Инфо: Us Weekly

Објавено:
25 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
405 пати