Есен идеална за кошули

30 август 2016

Иако важат за есенцијални парчиња во сечиј гардеробер, кошулите оваа есен имаат посебен третман.
Токму поради тоа што се апсолутен тренд, кошулите оваа сезона добиваат модифицирани варијанти и во однос на кројот и во однос на функцијата.

Па, покрај класичната кошула, оваа есен акцентот ќе биде ставен на предименизонираните кроеви, кошулите со „ѕвонести" ракави, оние со голи рамена како и на кошулите-фустани.

Дури и начинот на кој што се имплементираат во секојдневните аутфити, ќе добие поинаква димензија, па така кошулите оваа есен ќе ги носиме откопчани врз џинс и краток топ или како фустан со нагласена половина со ремен.

Голем дел од познатите брендови понудија свои варијанти на најпопуларното парче за претстојната сезона, па во продолжение ќе видите модели од Манго, Зара, H&M итн.

 

Објавено:
30 август 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.928 пати