Есен во винтиџ расположение

7 септември 2015

Причината за постојаното навраќање на ретро трендовите и винтиџ стилот во модернизирана варијанта, најверојатно е таа неопислива магија што ја носат со себе.

А кога современите, тренди девојки сакат да „позајмат" од таа магија на едно минато време, посегнуваат по плакарот на нивните мајки или баби или вметнуваат во својот стил парчиња што барем наликуваат на оние од бабиниот плакар.

И оваа есен ќе биде обележана во ретро расположение. Особено акцентот ќе биде ставен на романтичните изгледи инспирирани од 1950-тите и 1980-тите години.

Романтичните девојки ќе бидат фасцинирани од изборот на плисирани здолништа, мини фустани со долги ракави, топови со везени геометриски форми, ѕвонести панталони, надополнети со аксесоари како долги ланчиња и брошеви, очила со широки рамки, беретки и капи, чевли на ниски потпетици – повозрасната генерација сигурно ќе се сети!

Во продолжение неколку инспиративни парчиња за вашата винтиџ есен.

Објавено:
7 септември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.744 пати