Есенцијални пролетни парчиња за мажи

27 март 2015

Ако го отворите машкиот плакар оваа пролет според визијата на магазинот GQ, ќе забележите влијание на филмската индустрија, ретро инспирација од 70-тите, земјени тонови, џинс, спортски дух, милитари изглед, но и неизбежната  класика во нејзината буквална смисла.

Удобни џемпери кои асоцираат на 70-тите, со длабок V израз и креативни шари, лесно ќе се вклопат во имиџот на мажите кои сакат да прават спој на современите трендови со оние од минатото кои постојано ни се навраќаат во редефинирани верзии.

Класичниот деловен костум е неизбежен за сите оние мажи на кои работното место им налага дефиниран дерс код. За да го направите позабавен вашиот изглед, а со тоа и вашето работно секојдневие, дозволете си игра со деталите. Одберете вратоврска со колоритен дезен или машна-пеперутка во јака боја.

Шорцевите над колена се идеален и практичен избор за мажите со авантуристички дух, особено за оние кои работат во уметничката сфера и не се ограничени со деловен дрес код. Друг бенефит во однос на ова парче е што може да го комбинирате и со покласични парчиња како кошула и сако, но и со спортски маички, што ги прави пригодни за различни прилики.

Поло маичките се уште еден рецидив од ретро модата што со задоволство го практикуваат голем дел од мажите, независно од нивниот индивидуален стил. Еднобојни, во риги, со точки или такви со морнарски шари, изборот е навистина голем.

Часовникот е детаљ со кој се финишира изгледот на секој современ маж. Зборува за неговиот статус, личност, професија, темперамент... Оваа сезона во фокусот ќе бидат часовниците инспирирани од војничкиот стил. Тоа значи дека ќе бидат масивни, кожени, во земјени тонови и секако, впечатливи.

Гранџот како животна филозофија и музички правец многу често се имплементира и во дефинирањето на современите модни стилови. Карирана кошула врзана околу половината е прв показател...

Пилот -јакните се тренд кој не губи од својата важност, особено во уличната мода. Актуелни се како во спортски така и во ексцентрични и неконвенционални комвинации со широки панталони, тесни фармерки или џинс комбинезони.

Објавено:
27 март 2015
Категорија: 
Тренд