Есенска слоевитост во „милион“ варијанти

17 септември 2014

Дојде оној период од годината кога сите љубители на слоевитото облекување може да уживаат во комбинирањето на повеќе парчиња облека.

Кошула со блејзер и здолниште, краток топ со комбинезон и сако или транспарентна блуза со тексасен елек и шал... Варијантите се бесконечни, но секогаш треба да се има во предвид дека кога се спојуваат повеќе парчиња облека, не треба да се претера со „тешки“ текстури и неудобни материјали, со цел да се постигне и практичн, а не само впечатлив и стилски допадлив изглед.

Ако не сте сигурни во изборот, тогаш не претерувајте со миксот на принтови и јаки бои, туку ограничете се на неутрални тонови и еден принт или двобојно спарување збогатено со впечатливи детали.

Слободата во креативното, слоевито комбинирање подразбира и игра со различни материјали, па така може да направите инвентивен спој на тантела со кожа или плетива со џинс. Инспирирајте се!

Објавено:
17 септември 2014
Категорија: 
Тренд