Есенски фустани за секоја прилика

6 септември 2018

Оваа есен е исклучително шармантна и раскошна. Ни носи неодолив избор на дезени и принтови со кои ќе го „разиграме" нашиот есенски изглед.

Особено неодоливи се новите модели на миди фустани, што може да ги имаме во предвид за различни прилики.

Од такви со крој што ја следи линијата на телото до лелеави кроеви со врзување околу струк, може да се комбинираат во сечиј стил, соодветни за секоја прилика.

Ќе забележите дека доминираат фустаните со животниски принтови, па ако сте љубител на таквите дезени имате навистина богат избор. Инаку, и оваа сезона нема да помине без принт со точки, пруги и цветови, што веќе добија своја безвременска димензија и се присутни речиси секоја сезона.

Направивме избор на неколку интересни модели кои веќе ја уживаат својата популарност кај ИТ девојките.

Објавено:
6 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.464 пати