Есенски хит: Транспарентниот мантил на „Балман“

23 август 2019

Есенската сезона ни се доближува, а со тоа актуелноста на мантилите се враќа. 

Во морето класични мантили, кои несомнено се добар избор, ние денеска ви презентираме еден малку поинаков модел, кој е вистнски хит меѓу модните инсајдери.

Се работи за транспарентен ПВЦ мантил од „Балман“, кој беше претставен на модната недела во Париз, а дел е од колекцијата есен/зима 2019.

На пистата беше претставен онаков каков што е  - проѕирен и со таканаречените „шилести нитни“. Но, интерпретацијата на истото парче што го носеше Лупита Нјонго предизвика уште поголемо внимание.

Имено, актерката го носеше во март годинава, во комбинација со бела кошула фустан и метален впечатлив ремен. Го искомбинира со дијамантски сандали.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lupita Nyong'o (@lupitanyongo) onMar 20, 2019 at 7:07am PDT

 

После неа, истово парче го носеше и Кара Делевињ во реклама на „Балман“ за чанта, во сличен стајлинг.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BALMAIN (@balmain) onAug 21, 2019 at 7:08am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BALMAIN (@balmain) onMay 30, 2019 at 6:13am PDT

Од досега прикажаните стајлинзи, видовме дека одлично изгледа во комбинација со парчиња во бела нијанса, но ќе биде интересно да се види како изгледа и во црна или во некоја боја.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BALMAIN (@balmain) onAug 20, 2019 at 8:08am PDT

 Како и да е, ова несекојдневно парче (или негови варијанти) се супер избор за сите што сакаат похрабар моден избор и што сакаат да излегуваат од класичните модни граници.

 

 

Објавено:
23 август 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
260 пати