Есенски „must have“ парчиња според уредниците на Elle

9 август 2014

Непосредно пред стартот на есенската сезона, се погласни стануваат прогнозите за тоа кои ќе бидат ултимативните, must have парчиња за претстојниот период. Покрај дизајнерските тенденции кои се ограничуваат на  личните стилски перцепции на креаторите, модните инсајдери се оние кои комбинирајќи ги стиловите создаваат свои автентични верзии на трендовите.

Според вработените во модниот магазин Elle, есента треба да ни донесе удобност на работното место, храброст на урбаните улични писти и експериментирање со слоевитата облека на неформалните, пријателски средби.

Во продолжение ги издвојуваме предлозите на неколку вработени во уредничкиот тим на списанието.

Заменик уредничката, Руди Фридленд, во својата „must have прогноза“ спојува неколку влијателни и актуелни трендови: кожа, асиметрија и животински принт.

 

Џастин Харман, помошничка на уредничката, ги издвојува пастелните тонови на удобниот крзнен капут и тесните панталони, и задолжителната тексас кошула.

 

Кејт Виник, која е одговорна за социјалните медиуми, го предлага рокерскиот имиџ како незаменлив, а вклучува кратко здолниште, кожен елек и чизми до глужд.

 

Сели Холм, која ги уредува дневните информации, посочува дека минимализмот ќе остане како тренд и претстојната есен, па во склоп на тоа задолжително е миди здолништето со страничен шлиц, ниски удобни чевли и марама со животински принт.

 

Маган Кан, уредничката на секторот за убавина, ги издвојува панталоните со висок струк во А крој како неодминливо парче комбинирано со краток топ и чизми со дебела, средно висока потпетица.

Објавено:
9 август 2014
Категорија: 
Тренд