Есенски тренди комбинации за стилски трудници!

11 септември 2014

Доколку оваа есен уживате во поодмината бременост кога вашето стомаче веќе ви налага да ја промените гардеробата, тоа во никој случај не треба да биде драстично!

Она што секогаш треба да го имате на ум во овие месеци е дека удобноста треба да ја ставите пред сѐ друго, но и дека удобноста не значи здодевни и секогаш исти комбинации.

Доколку претходно бевте голема обожавателка на блузичките и фустанчињата со пруги, сега не значи дека треба да се откажете од нив поради тоа што за истите се вели дека ја прошируваат вашата фигура.

Воопшто и не треба да се двоумите да носите тесни блузички и кошулки, сакајќи да го сокриете стомачето кое инаку изгледа неодоливо.

e8238059de87973d668e6f26e3d60a31

Исто така, доколку се чувствувате удобно, апсолутно дозволено е да носите и тесни здолништа до колена или пак сосема долги кои што можете да ги комбинирате со тесна памучна маичка и слатко елече одозгора, кое ќе ви покрие дел од телото.

eacd67a09d12fd759c436feade890bd4

Ако пак работата ви налага елегантни комбинации, никако не смеете да се откажете од истите, односно, ако досега носевте закопчани палта, сега слободно истите можете да ги комбинирате со интересна блузичка одоздола и да ги оставите откопчани.

Никако не смеете да се откажете ниту од модните додатоци, како тренди марамите кои се апсолутен хит и оваа есен, а кои дефинитивно ќе бидат во ваша полза доколку сѐ уште не се чувствувате многу самоуверено.

Во продолжени, погледнете неколку тренди есенски комбинации на трудници ширум светот и откријте ги нивните трикови за постилска есен.

Уживајте во најубавиот период во животот!

Објавено:
11 септември 2014
Категорија: 
Тренд